FAQs iMammalia

Проверете ја папката за несакана пошта (spam) или (junk mail), некои сервери ги испраќаат таму. Можете да пристапите до порталот користејќи го овој линк: https://european-mammals.brc.ac.uk/

Запомнете дека пред да внесете запис, мора претходно да сте се регистрирале на веб-страницата со употреба на истото корисничко име и лозинка што ги имате во апликацијата. Исто така, проверете дали имате активирано некоја обука. Можете да пристапите до веб-страницата од овој линк: https://european-mammals.brc.ac.uk

При инсталирање на апликацијата, важно е да овозможите пристап до камерата, GPS и меморијата, така што таа може да ги користи овие информации за поставување на записи за цицачи

Користејќи го истото корисничко име и лозинка коишто ги користите во апликацијата, можете да пристапите до порталот преку овој линк: https://european-mammals.brc.ac.uk/

Не, доколку не го знаете видот можете да го фотографирате и да ја испратите оваа информација со апликацијата и доколку е возможно да се идентификува видот верификаторите ќе ви помогнат да го идентификувате видот.

Доколку можете да го идентификувате набљудуваниот вид можете да ни го пратите записот и исто така би било одлично доколку можете да ни дадете повеќе информации, но доколку се сомневате тоа можете да го истакнете во коментарите на записот.

Не, iMammalia не поддржува видео формати, можете да направите screen capture каде што можете да го покажете видот. Но, доколку сметате дека гледањето на видеото е неопходно за потврадувањето на видот тогаш истакнете го тоа во коментарите и верификаторот може да ве контактира со цел да го погледне видеото и да ја направи потврдата.

Не, апликацијата има картички за видови кои можат да ви помогнат да го идентификувате видот, и можете да го одберете видот којшто сте го виделе преку фотографии кои се достапни во аликацијата. Имињата не се задолжителни.

Да, записите од мртви животни можат да бидат од посебен интерес за да се пополнат празните места (пр. прегазени животни) или од епидемиолошки причини. Пожелно е овие информации да се испратат со што е можно повеќе детали. Запис може да биде направен и од легално ловени животни.

Фотографиите припаѓаат на авторите кои ги направиле, повеќе информации можете да погледнете во полистата за приватност на апликацијата.

Водејќи се по премисата дека граѓанската наука мора да биде достапна за сите граѓани, информациите споделени од корисници на iMammalia периодично се испраќаат до GBIF, така што ќе останат достапни до сите корисници и истражувачи кои сакаат да се консултираат со истите.

Да, постојат неколку јазици достапни во апликацијата, и можете да ја подесите по ваша желба.

Проверете дали вашата држава или регион се појавува во подесувањата на апликацијата. Доколку вашата држава се појавува можете да ги ограничите прозорците на највообичаените видови во вашиот регион. Може да ви помогне да идентификувате некои видови.

Во апликацијата постојат картички кои овозможуваат да се направат записи за непознати видови. Како на пр. ежови, глувци, лилјаци…исто така ова можете да го истакнете во забелешките.

Некои видови не се појавуваат бидејќи тешко се идентификуваат. Доколку не се појавуваат во апликацијата, можете да ја посочите групата на која припаѓаат и да го истакнете името на видот во коментарите. Ова можете да го правите за лилјаци, глувци, фоки и други видови кои се појавуваатсо силуета во апликацијата.

Да, на веб страната можете да ги прегледувате и изменувате записите за да вметнете нови фотографии или да ги измените информациите, да го смените видот, локацијата…

Да, во прозорецот за записи кликајќи на забелешките коишто сте ги прикачиле, ве пренасочува до веб страната на iMammalia. Може да ви биде побарана лозинка или наслов за да пристапите.

За да ги измените или подобрите информациите, истото мора да го направите преку веб страната, во регистарот мора да ја активирате иконата со клуч за да можете да правите измени.

Да, но прво мора да испратите запис од апликацијата со кој било вид и потоа да го измените записот преку веб страната изменувајќи ја секоја информација за која сметате дека тоа е неопходно или прикачувате фотографии.

Да, од модулот за изменување можете да назначите дека некој вид се смета за чувствителен.

Да, можете да го измените вашето име на веб страната на апликацијата и да користите псевдоним.